HomeДЕНЕШНАРепубликаУтре протест против барокот на ГТЦ, МОБ и НУБ „Св.Климент Охридски“

Утре протест против барокот на ГТЦ, МОБ и НУБ „Св.Климент Охридски“

Граѓанските движења „Го сакам ГТЦ“ и „Шарена Револуција“ повикуваат на заеднички протест утре, во 19 часот, пред Специјалното јавно обвинителство за спас на ГТЦ, на МОБ и на НУБ “Св. Климент Охридски“ од Барок.

-„Оваа влада е целосно исклучена од реалноста. Дента кога ЕУ ги блокираше ИПА фондовите и блокираше големи инфраструктурни проекти како автопатот кај Демир Капија и пругата кон Бугарија, тие и ги одземаа надлежностите на о. Центар за да потрошат нови десетици милиони евра на уништување на културно наследство. Со оваа влада нема разбирање, а Скопје 2014 може да се спречи само ако владата падне. Затоа, ги повикуваме сите наши поддржувачи да се приклучат на протестот во среда на Шарената Револуција. Покрај правда и слобода, од улица да се избориме и за нашиот ГТЦ!“-стои во повикот за протест.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com