HomeФЕР ПЛЕЈФудбалУтре ново заминување од Ливерпул, еве која е следната дестинација на Сако!

Утре ново заминување од Ливерпул, еве која е следната дестинација на Сако!

Фудбалерот кој падна во втор план кај Јурген Клоп утре го напушта тимот. Последниот ден од трансфер периодот екипата на Ливерпул ќе ја напушти Мамаду Сако. Овој фудбалер ги завршил сите формалности околу потпишување на договор со Сандерленд, екипа која ја презема Дејвид Мојс оваа сезона. Клоп смета дека Сако има иднина во Ливерпул и затоа ќе замине само на позајмица, а нема да биде продаден.

Возможно е Ливерпул да ангажира и нов стопер, бидејќи за оваа позиција моментално конкурираат Ловрен, Матип и Клаван. Сако е член на Ливерпул од 2013 година, одигра 55 натпревари во Премиер лигата, а играше редовно и за репрезентацијата на Франција со која поради суспензија го пропушти ЕВРО 2016.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com