HomeДЕНЕШНАПолитикаУтре навршуваат пет години од убиството на Мартин Нешкоски

Утре навршуваат пет години од убиството на Мартин Нешкоски

Утре навршуваат пет години од убиството на 22-годишниот Мартин кој на 6-ти јуни 2011 година беше брутално претепан до смрт на плоштад Македонија во Скопје. Инцидентот се случи додека владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ја славеше својата изборна победа од предвремените парламентарни избори.

Министерството за внатрешни работи на почетокот не информираше за убиството, а случајот не се најде ни во дневниот билтен што предизвика масовни протести низ улиците на Скопје. Минатата година опозициската СДСМ објави прислушувани разговори кои, како што рекоа, докажуваат заташкување и прикривање на убиството. Во мај минатата година припадникот на специјалните едници „Тигри“, Игор Спасов беше осуден на 14 години затвор за убиството.

Утрешниот протест на Шарената револуција ќе биде во знак на трагичниот настан кој ја потресе македонската јавност.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com