HomeДЕНЕШНАРепубликаУставниот суд ќе одлучува за распуштање на собранието

Уставниот суд ќе одлучува за распуштање на собранието

Одлуката за распуштање на Собранието на Македонија штo пред Уставниот суд во петокот ја оспори ДУИ најверојатно ќе биде разгледувана на утрешната седница, поради итноста на прашањето во актуелната политичка состојба.
Доколку Уставниот суд утре расправа за иницијативата на ДУИ, прашање е каква одлука би донел, со оглед дека на 18 февруари годинава, тој со мнозинство гласови веќе отфрли таква иницијатива, една поднесена од Павле Трајанов и друга од Тодор Петров.
Според Решението, основното образложние беше дека Одлуката на Собранието не претставува пропис, односно акт подобен за уставносудска оценка.
Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com