HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиМагазинот Комплетна прослави 20 години

Магазинот Комплетна прослави 20 години

Родендените се слават во друштво на најблиските, а околу 300 најблиски вчеравечер (1 јуни) присуствуваа на роденденската забава на списанието Комплетна.

DSC_5245 Во присуство на голем број пријатели, колеги, соработници и познати личности, во Музејот на македонската борба, списанието Комплетна го одбележа јубилејот – 20 години од издавањето на првиот број.

DSC_5296

Во опуштена атмосфера, со сите свои гости, се присетија на почетоците и на сите убави приказни од изминатите две децении. Потоа ги дувнаа свеќичките на роденденската торта и, како што ни рекоа, си посакаа уште многу години успешна работа, а најавија и нови изненадувања за сите свои читатели, од септември.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com