HomeДЕНЕШНАПолитикаУргентна резолуција против апсењето на Зоран Божиновски. Меѓународната федерација на новинари бара ослободување

Ургентна резолуција против апсењето на Зоран Божиновски. Меѓународната федерација на новинари бара ослободување

Меѓународната федерација на новинарите, на нејзиниот 29-ти Светски конгрес, кој се одржа од 7 до 10 Јуни во францускиот град Ангерс, усвои ургентна резолуција предложена од Здружението на новинарите на Македонија, со која се осудуваат македонските власти за апсењето на новинарот Зоран Божиновски.

„Истакнуваме дека апсењето на новинарите за наводни кривични дела без никакви факти и докази, не е практика во слободни и демократски земји. Ваквите обвинувања придонесуваат за дискредитирање на новинарите како предавници и криминалци со цел да се наруши нивната доверба во јавноста“, се вели во резолуцијата.

Светскиот конгрес на МФН го обврзува новиот претседател, белгискиот новинар, Филип Лерут, ургентно да ги повика македонските власти, МВР, Кривичниот суд во Скопје и македонскиот обвинител, веднаш да го ослободат Божиновски.
megunarodna-federacija-na-novinari-860x658
„Правото на новинарите да ги истражат и пишуваат нивните приказни е основно начело на новинарството, кое е гарантирано со европските и светски стандарди и македонскиот устав“, се истакнува во резолуцијата.

МФН изразува целосна поддршка на новинарот Божиновски и на напорите на ЗНМ за заштита на слободата на медиумите и на правата на новинарите. Претставниците на новинарите од целиот свет потврдуваат дека Божиновски во претходниот период објавувал текстови засновани на факти и документи, кои сведочат за вмешувањето на владини претставници во криминални активности.

„Ние веруваме дека единствена причина за апсење на Божиновски е да се спречи понатамошно објавување на нови стории“, се констатира во резолуцијата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com