HomeДЕНЕШНАПолитикаУПОЗ со црвен картон, го бараат министерот Џафери да се симне

УПОЗ со црвен картон, го бараат министерот Џафери да се симне

Синдикатите на УПОЗ повторно се собраа на протест пред зградата на министерството за правда и го побараа министерот Валдет Џафери да се симне, но засега не добиваат соодветен одговор од надлежните. Судските службеници потсетија дека нивните барања се разумни и лесно може да се реализираат доколку Владата се согласи да им излезе во пресрет.

protest upoz sreda (2) (1)

УПОЗ добива се поголема поддршка и солидарност од други македонски и интернационални синдикати како Европската асоцијација на синдикати од јавниот сектор кои порачуваат да истрајат во борбата за економски и социјални права.

protest upoz sreda (1) (1)

ЕПСУ во своето писмо му порача на Џафери кој и самиот е работник дека не смее да ги заплашува работниците кои учествуваат во штрајкот. Таквите постапки се спротивни на Европските и меѓународните стандарди кои се усвоени од Р. Македонија. Се посочува и дека законот за судска служба кој беше донесен во 2014 година, беше потенцирано од УПОЗ дека ќе има огромни последици за работниците во судската администрација. Примената на овој Закон го докажа токму тоа.

protest upoz sreda (4) (1)

„Не можеме да најдеме објаснување зошто судиите и јавните обвинители добија зголемување на додатоци на плата од 35%, а работниците кои ја вршат целата работа, останаа без бенефит. Ова не е фер“, се вели во писмото на ЕПСУ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com