HomeДЕНЕШНАПолитикаУПОЗ со писмо до Димитриев бара оставка од министерот за правда

УПОЗ со писмо до Димитриев бара оставка од министерот за правда

Синдикатот на УПОЗ со цел да се спротистави на решението за кратење од платите на штрајкувачите во судовите испрати писмо до премиерот Емил Димитриев.

Во писмото, Синдикатот бара тој да утврди одговорност од Министерството за правда и оставка, а да утврди одговорност и за Судскиот буџетски совет:

„Почитуван Г-дине премиере,

На 03.06.2016 година, се обративме до Вас со барање за одржување на работна средба на која сакавме да Ве запознаеме со барањето истакнато со штрајкот во судовите кој започна на 18.05.2016 година и нашиот предлог за решавање на ова барање, но за жал таква средба не се одржа.

Со овој допис сакаме да Ве информираме дека Министерот за правда и Судскиот совет на Р. Македонија со своето игнорирање на барањето на штрајкувачите дозволија штрајкот да трае веќе 56 дена и воопшто не се заинтересирани да се најде заемно прифатливо решение.

Судскиот буџетски совет кршејќи го Уставот на Р. Македонија и позитивните законски норми им нареди на претседателите на судовите наместо со поединечни решенија на штрајкувачите да им се скрати 40% од платата со издавање наредба до сметководителите. Ова дотолку повеќе што на претседателите им се даде слобода произволно да определат кои штрајкувачи да бидат казнети и да им се скрати 40% од плата, а кои да бидат „помилувани„. Вакви случаи веќе има во неколку судови и состојбата таму е хаотична и очигледно целта на Судскиот буџетски совет со закани и раздор меѓу штрајкувачите да се скрши штрајкот, почна да се ефектуира.

Поради тоа Ве молиме да побарате од надлежниот министер и одговорните во судската власт и да им укажете дека ваквите постапувања се против уставни и против законски и се во спротивност на меѓународните конвенции. Сметаме дека тие треба да бидат повикани на одговорност и да поднесат оставки бидејќи не направија ништо да не дојде до штрајк и штрајкот да има неизвесен крај.

Бидејќи веќе 56 дена судската власт, една од трите власти според Уставот на Р. Македонија, не функционира уште еднаш бараме итно да одржиме работна средба со Вас за конечно наоѓање решение за барањето на штрајкувачите“, се вели во писмото до Димитриев.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com