HomeДЕНЕШНАПолитикаУПОЗ најави кривични за претседателот на кривичен, секретарот и полицаец

УПОЗ најави кривични за претседателот на кривичен, секретарот и полицаец

Судската администрација продолжува со штрајкот. Тие денеска најавија дека ќе поднесат кривични пријави за претседателот на кривичниот суд, Владимир Панчевски, секретарот и судски полицаец бидејќи вршеле притисоци врз вработените да не излегуваат на штрајк. Од синдикатот денеска обелоденија дека вработените биле принудувани да потпишуваат изјави дека нема да штрајкуваат, а доколку тоа не го сторат им се заканиле со кривични санкции.

Од Кривичниот суд ваквите обвинувања ги нарекуваат лаги и конструкции кои зборуваат за кредибилитетот на тие што пласираат вакви бомбастични изјави во духот на моменталната атмосфера во државата. Во овој суд од 400 вработени, 15 се членови на УПОЗ. Ги поддржуваат барањата но не и штрајкот.

„Претседателот на судот е известен дека токму тројца вработени, членови на УПОЗ, подолг период наназат, се заканувале на другите колеги од судот и вршеле притисоци да излезат на штрајк против нивна воља, за што веќе се земени изјави од вработените, случајот е соодветно документиран и законски се информирани надлежните така што разбирливи се заканите кои ги упатуваат од УПОЗ“, реагираат од Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

Од УПОЗ најавуваат дека штрајкот ќе трае до исполнувања на барањата за покачување на платите на администрацијата.
Вчера имало средба со министерот за правда и судскиот совет од каде добиле уверувања дека за проблемот ќе се преговара.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com