HomeДЕНЕШНАЕкономијаУПОЗ изготви нова предлог спогодба со конкретни рокови, се чека министерството за правда

УПОЗ изготви нова предлог спогодба со конкретни рокови, се чека министерството за правда

Судските административци по вчерашниот состанок ја потврдија упорноста да се решат нивните барања. Тие изготвија нова предлог спогодба која вклучува рокови откако ја одбија спогодбата на министерството за правда.

Новата спогодба го обврзува министерството најдоцна три дена по потпишувањето да достави измени и дополнувања на законот за судска служба до владата. Спогодбата предвидува судскиот буџетски совет да не пресметува задршка на плата на вработените во судската служба кои учествуваа во штрајкот. Додека синдикатите на судската администрација се обрзани да го стават штрајкот во мирување кога измените од законот ќе бидат објавени во службен весник.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com