HomeДЕНЕШНАСветУништени 185 будистички храмови во земјотрес во Мјанмар

Уништени 185 будистички храмови во земјотрес во Мјанмар

Во земјотрес кој го погодил Мјанмар починале 4 лица и биле оштетени дури 185 будистички храмови во градот Баган, соопштиле властите. Земјотресот се почувствувал во главните градови Мјанмар и Тајланд, Јангон и Бангкок. Земјотресот бил со длабочина од 84 километри, со епицентар од 25 километри западно од Чаука и јужно од Багана.

Баган е на листата на светската организација за образование, наука и култура поради повеќето од 2.000 будистички храмови кои ги поседува во тој древен град на реката Иравади. Храмовите биле изградени меѓу 10 и 14 век и секоја година ги посетуваат голем број на туристи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com