HomeДЕНЕШНАСветУникатен директор: Им плаќа на вработените да спијат повеќе за да бидат продуктивни

Уникатен директор: Им плаќа на вработените да спијат повеќе за да бидат продуктивни

Паметен американски директор смислил единствен начин да ги натера своите вработени подолго да спијат за да ја зголемат продуктивноста на работа и тоа со бонус пари за да спијат.

Марк Бертолини се наоѓа на чело на една американска компанија за здравствено осигурување која неодамна вовела програма во која вработените кои спијат седум или повеќе часа во текот на ноќта дополнително ќе бидат платени.
Учесниците во таа програма користат посебна направа која регистрира колку долго поединецот спиел, а податоците ги анализира трета личност која е непозната за вработените.

Овој човек верува дека најбитно од се е сонот на човекот за тој да биде продуктивен на работа, како и зголемување на профитот на компанијата. Бертолини кажа дека неговите работници ја зголемиле продуктивноста за 69 минути месечно по вложувањето на компанијата во нив, односно во нивното здравје и состојбата на свеста.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com