HomeАЈНШТАЈНИЈАУнгарските научници: Кучињата навистина разбираат што им зборуваат луѓето

Унгарските научници: Кучињата навистина разбираат што им зборуваат луѓето

Научниците во едно ново истражување го докажале она што сопствениците на кучиња одамна го знаат: дека нивните најдобрри пријатели кучиња разбираат кога нешто им се кажува. Унгарските научници скенирале 13 мозоци на кучиња додека тренерот им се обраќа, за да утврдат која хемисфера од мозок тогаш и е активна. Утврдиле дека исто како и луѓето тие ги „процесираат зборовите“ во левата хемисфера на мозокот, а десната хемисфера ја користат за анализа на тонот на гласот на човекот.

Експертите утврдиле дека пофалните зборови кучињата ги разбираат само кога тие и се изговорени со позитивен тон. Безсмислените зборови, иако изговорени со охрабрувачки тон, или смислените зборови изговорени безлично со неутрален тон, имаат ист ефект кај кучињата- никаков. Значи, мозокот на кучињата регистрира и што ќе му биде кажано и со каков тон ќе му биде тоа кажано, истакнал неврологот Атила Андиќ од универзитетот „Ејтвеш Лоранд“ во Будимпешта.

kucinja 2

Андиќ изјавил дека овие откритија укажуваат дека менталната способност за процесирање на јазикот била развиена од многу порано откако што се претпоставувало.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com