HomeРЕФЛЕКТОРМузикаУметнички дела од колекцијата на Дејвид Боуви ставени на аукција

Уметнички дела од колекцијата на Дејвид Боуви ставени на аукција

Аукциската куќа „Стоби“ денес најави дека ќе понуди повеќе од 200 уметнички дела од колекцијата на починатиот музичар Дејвид Боуви, вклучувајќи ги делата на британскиот уметник Дејмијен Херст и американскиот сликар Жан-Мишел Баскијато. Боуви, кој почина во јануари, беше страствен колекционер и учествуваше во работата на редакцијата на магазинот „Modern Painters“.

Пред аукцијата ќе биде организирана и јавна изложба на уметнички дела, меѓу кои ќе се најдат и делата на британскиот уметник Хенри Мур, но и дела на африкански и италијански уметници. На аукцијата ќе биде понудена и сликата на Баскијатов „Air Power“ чија вредност е проценета меѓу 2.5 милиони и 3.5 милиони британски фунти.

Изложбата под назив „Bowie/Collector“ ќе биде претставена во просториите на аукциската куќа „Стоби“ во Лондон од 1 до 10 ноември, откако предметите ќе бидат понудени на аукција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com