HomeАЈНШТАЈНИЈААтомУличната дрога која зема 28 животи во ЕУ, стигна во Словенија

Уличната дрога која зема 28 животи во ЕУ, стигна во Словенија

Новата психоактивна супстанца „MDMB-CHMICA“, на уличниот пазар позната како „црна мамба“, минатата седмица била ставена на листата системи за рано предупредување на нови психоактивни материи, што овозможува примена на закон против лицата кои ја поседуваат.

Европската комисија предложила оваа нова дрога да стави на контролни мерки во цела Европска Унија, пишуваат хрватските медиуми кои веќе почнаа да стравуваат дека дрогата ќе влезе и во нивната земја. Според извештајот за проценка на ризици при Европскиот центар за следење на дрога и зависност од дрога, акутната токсичност на супстанцата „MDMB-CHMICA“ може сериозно да им наштети на здрави луѓе.
crna mamba
Осум држави во ЕУ досега пријавиле 28 смртни случаи и 25 случаи на акутно труење поврзани со оваа дрога, а во повеќе извештаи се наведува и можноста нејзиното консумирање да предизвика насилно и агресивно однесување.

Експертите објаснуваат дека не станува збор за нова, туку за моментално актуелна дрога и затоа е важно законски да се реагира брзо.

Според пишувањето на словенечки 24Sata, неодамна оваа дрога била откриена во Словенија, на подрачјето на Марибор, Цеље и Ново Место. Се продава како растителна мешавина или паста со црна боја.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com