HomeДЕНЕШНАПолитикаУкраинско арт сценарио во ВМРО-ДПМНЕ, лидерите овековечени на портрети

Украинско арт сценарио во ВМРО-ДПМНЕ, лидерите овековечени на портрети

На ѕидовите на партиската зграда на ВМРО ќе висат портрети на владејачката клапа. Извори блиски до раководството на владејачката партија кои сакале да останат анонимни, до редакцијата на НОВАТВ доставиле фотографии од уметничките слики кои наводно за партијата ги изработуваат украински и бугарски автори. Дел од овие автори биле ангажирани и на изработката на сликите и масивните сцени поставени во Музејот на македонската борба и во други објекти од проектот Скопје 2014.
gruevski umetnost2
Никола Груевски под рака со сопругата Боркица, придружуван од тесното партиско раководство.На друга слика повторно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски е во центарот на вниманието, опкружен од неговите сопартијци и братучедот Сашо Мијалков, а во позадина реки народ. Груевски меѓу народ, па Груевски на говорница. Во позадина – Македонија има сила. Ова е описот на дел од портретите кои ќе бидат закачени во партијата.
gruevski portret 3
Според информациите на НОВАТВ, нарачани се над 50 уметнички слики со позлатени рамки. Најголема, со огромни димензии четири метри на осум метри, ќе биде фамилијарниот портрет на екс премиерот Груевски, заедно со сопругата Боркица, двете ќерки и неговата мајка Нада. Според изворите на НОВАТВ опремувањето на седиштето чини повеќе милиони евра. Надлежен за визуелниот дел и како да изгледаат сликите бил генералниот секретар на Владата Кирил Божиновски, кој им давал сугестии на авторите.
gruevski portret 6

gruevski portret4

gruevski portret5

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com