HomeДЕНЕШНАСветУкраинскиот заменик министер за здравство уапсен поради корупција

Украинскиот заменик министер за здравство уапсен поради корупција

Украинскиот заменик министер за здравство Роман Василишин е уапсен поради наводно предводење на група луѓе кои се сомничат за корупција, односно на кои пациентите дополнително им плаќале за операции и други основни здравствени услуги, соопшти денеска безбедносната служба на Украина.

– Бевме шокирани од она што го правел заменик министерот – изјави шефот на државната безбедносна служба на Украина, Васил Грутсак.

Тој истакна дека лекари во државна болница во Киев „собирале од пациентите пари за операции“, а тие средства наводно директно му биле префрлани на сметка на заменик министерот за здравство.

Украинскиот премиер Владимир Гројсман нагласи дека апсењето на Василишин ја покажува одлучноста на Владата да му се спротивстави на таквиот криминал.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com