HomeФЕР ПЛЕЈФудбалУЕФА ќе даде цело богатство за освојувачот на Лигата на шампиони

УЕФА ќе даде цело богатство за освојувачот на Лигата на шампиони

Вечерва започнуваат возбудувањата од елитната фудбалска Лига на шампионите, па оваа година освен атракциите на теренот големо внимание ќе привлечат и огромните парични награди.

УЕФА годинава значително го зголеми паричниот награден фонд за сезоната 2016-17 во Лигата на шампиони со неверојатен буџет од 1.2 милијарди евра. Секоја победа во групната фаза на екипите ќе им носи по 1 милион долари, пари ќе има и за нерешено, а за напредок во секое од наредните кола ќе добијат од до 2 до 6 милиони евра. Победникот на сезоната 2016-17 во Лигата на шампионите ќе биде награден со фантастични 15 милиони евра само за финалето во Кардиф.

Оваа година има многу повеќе пари и од маркетинг фондот, па така преку ТВ правата кои изнесуваат 482.9 милиони евра тимовите ќе добијат дополнителни средства од вкупниот колач. Најмногу добивка ќе имаат англиските тимови поради скапите ТВ договори, па така ако тим од Англија стане шампион има потенцијал да заработи над 100 милиони евра во само една сезона.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com