HomeДЕНЕШНАПолитикаУБК никого не информирала за уништувањето на опремата

УБК никого не информирала за уништувањето на опремата

УБК во годишниот извештај пред Собранието нема наведено дека е уништена опрема за прислушување во 2015. Специјалното обвинителство во предистражната постапка за случајот „Тврдина“ осомничи петорица, меѓу кои началникот на Петтата управа Горан Грујевски и ексминистерката Гордана Јанкулоска, дека во почетокот на 2015 година уништиле опрема за прислушување на УБК. Опремата која била означена како застарена било наредена да се уништи во март минатата година веднаш по објавувањето на првите бомби на опозицијата.

komisija za prisluskuvane

Уништени се два системи за прислушкување со што според СЈО е нанесена штета на државата во износ од 10 милиони евра, а повеќе државни функционери од полицијата ги пречекорила своите овластувања и притоа направиле се за да ги избришат службените траги.

lence sjo tvrdina

Комисијата за надзор во Собранието прифати да се вклучат податоци за опремата за прислушување во извештајот на УБК, иако нејзиниот претседател Хари Локвенец од СДСМ посочи дека токму пристапот со надгласување и моќ на мнозинството се создале услови за незаконско работење без отчетност на службите. Дискусијата на денешната седница беше затворена за јавност поради безбедносни причини.

Прво-осомничениот Горан Грујевски како началник на Петата управа на МВР задолжена за техничката опрема и посебните мерки е се уште во притвор се додека не се реши по жалбата на неговите адвокати.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com