HomeРЕФЛЕКТОРМузикаУбиецот на Џон Ленон откри нови детали во врска со смртта на славниот пејач

Убиецот на Џон Ленон откри нови детали во врска со смртта на славниот пејач

Марк Дејвид Чапман, убиецот на фронтменот на познатата група „The Beatles“, неодамна откри неколку вознемирувачки детали во врска со смртта на Џон Ленон. Чапман изјавил дека на денот на убиството чувал и еден метак за себе, односно за да изврши самоубиство откако ќе го убие пејачот, но дека бил преголема кукавица за да го стори тоа. Тој исто тврди дека единствен мотив за убиството била неговата желба да стане познат.

Чапман пред некое време даде интервју за еден њујоршки магазин, во кое се присетува на денот на убиството на Ленон. „Излезе од дома, а јас држев пенкало во раката правејќи се дека сум негов обожавател и го замолив за автограм. Не брзаше, ме праша дали ми треба уште нешто. Неговата жена излезе со него и го чекаше во лимузината. Ова е делот кој секогаш го споменувам- колку беше љубезен кон комплетните странци. Го потпиша албумот и влезе во лимузината“, изјавив Чапман.

Злосторникот се вратил во зградата и во 10:50 часот навечер четири пати пукал во Ленон пред неговата сопруга Јоко Оно. Останал на местото на настанот и ја чекал полицијата. „Тоа ви е вистински социопатски ум. Пред крајот почнав да си зборувам сам со себе. Се молев некако да ја врнам целата ситуација, но тоа не можев да го направам“, откри Чапман. Новата жалба 61-годишниот злосторник ќе може да ја поднесе за две години.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com