HomeДЕНЕШНАРегионУбиен цариник: ЕУЛЕКС нуди 82.000 евра за информација

Убиен цариник: ЕУЛЕКС нуди 82.000 евра за информација

ЕУЛЕКС вчера понуди награда од 82.000 евра за информација која би довела до убиецот на нивниот царинарник Аудриус Шеневичиус, убиен од заседа на денешен ден пред три години.

Претставници на ЕУЛЕКС вчера побараа помош од локалната заедница за расветлување на убиството на Шеневичиус во северниот дел на Косово. Шеневичиус е убиен на 19 септември 2013 година по вооружениот напад врз две возила на ЕУЛЕКС кои се движеле кон преминот Јариње.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com