HomeДЕНЕШНАСкопјеУбавината на природата се слави со третиот Фестивал на цвеќето

Убавината на природата се слави со третиот Фестивал на цвеќето

cveten festival11

Денеска беше отворен третиот по ред Фестивал на цвеќето со кој градските власти и ЈП Паркови и зеленило сакаат да ја подигнат свеста кај граѓаните за одржување на природата и нејзината убавина, а на посетителите да им понудат одлична манифестација со богата програма за сите возрасти.

cveten festival5

„Скопскиот цветен фестивал е традиционална градска манифестација која го слави цвеќето, зеленилото, природата и другарувањето на отворено. Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ и годинава го организираат фестивалот на цвеќето, рече Трајановски и ги покани скопјани да го посетат фестивалот и да уживаат во цвеќињата и цветните аранжмани.

cveten festival6

Фестивалот на цвеќето оваа година нуди Цветен центар каде се претставени голем број на фирми кои се занимаваат со хортикултура и производство на цвеќиња од земјава од странство. Денот започна со дефиле со дечиња од скопските градинки, а продолжи со различни работилници за одгледување на цвеќиња и ценење на природата. Скопскиот цветен фестивал ќе биде отворен и утре од 10 до 18 часот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com