HomeДЕНЕШНАСветУапсени 5 лица за силување на 19-годишна девоjка на фестивалот во Памплона

Уапсени 5 лица за силување на 19-годишна девоjка на фестивалот во Памплона

Шпанската полиција уапсила пет лица под сомнеж дека силувале млада жена во текот на познатиот фестивал Сан Фермин во Памплона, изјавиле извори од шпанското правосудство. Уапсени се мажи помеѓу 25 и 28 години откако 19-годишната девојка случајот го пријавила во полиција. Не е позната националноста на уапсените.

Неименувано лице од судот од градот Навара на северот на Шпанија изјавил дека момчињата се уапсени под сомнежи за „неколку сексуални напади“ кон жртвата. „Судијата мора да утврди колку силувања се случиле – изјавило лицето од судот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com