HomeДЕНЕШНАСветУапсени членови на криминална банда со арапско потекло во Берлин

Уапсени членови на криминална банда со арапско потекло во Берлин

Повеќе од 200 полицијаци, заедно со 60 членови на специјалните сили, учествувале во претрес на 16 домови во берлинската населба Нојкелн и некоку други квартови, по што се уапсени осум лица.

Според полициските власти и јавното обвинителство, самата акција била насочена против арапско поголемо семејство, при што се уапсени мажи на возраст од 20 до 56 години. Освен што се уапсени за поседување на незаконско оружје, исто така истите се осомничени и дка учествувале во грабеж во Ка-Де-Ве, најстарата стоковна куќа во Берлин, како и за поттикинување за извршување на нарачано убиство.

Инаку, уапсените се со арапско потекло, но не се дел од новопристигнатите бегалци, туку во Германија живеат подолго време.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com