HomeДЕНЕШНАПолитикаУапсена актерката Симона Спировска – Алфите апсат активисти на Шарената револуција

Уапсена актерката Симона Спировска – Алфите апсат активисти на Шарената револуција

Актерката Симона Спировска е приведена во полициска станица Беко, дојдете сите да и дадеме подршка на нашата голема соборка – штотуку напиша Здравко Савески на својот Фејсбук профил.

Порталот Сакам Да Кажам објавува дека двајца активисти на Шарената револуција по завршувањето на протестот беа приведени од полициската единица „Алфа“ на паркингот пред Шпанската амбасада во центарот на Скопје. Акцијата беше изведена спектакуларно со десетина припадници на полицијата и неколку возила пред очите на минувачите околу 21.30 часот. Некои од минувачите бурно реагираа на приведувањето. Беше блокирана и крстосницата кај Тифани – пренесува порталот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com