HomeДЕНЕШНАСветТурција суспендирала повеќе од 10.000 професори

Турција суспендирала повеќе од 10.000 професори

Поради сомневање дека на некој начин се поврзани со забранетата Работничка Курдистантска партија властите во Анкара донеле одлука да суспендираат повеќе од 10.000 професори. Неименуван турски функционер изјавил дека 10.000 професори се или привремено суспендирани или се на платено отсуство, се додека не биде завршена формалната истрага.

Според изворите од тамошните медиуми, се верува дека се суспендирани вкупно 11.500 професори за кои турското министерство за просвета има сомневања дека се занимавање со активности како „давање на поддршка на сепаратистичката терористичка организација ПКК и нејзините органи“. Анкара и нејзините западни сојузници ја карактеризираа ПКК, кој веќе три децении води бунт против турската држава, како терористичка организација.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com