HomeДЕНЕШНАСветТурција: Притвор за тројца поранешни високи дипломати

Турција: Притвор за тројца поранешни високи дипломати

Судот во Анкара одобри апсење на тројца поранешни дипломати обвинети за учество во подготовката на државен удар, јави агенцијата Анадолија.

Меѓу уапсените е Ѓурџан Балик, поранешен советник на поранешниот премиер Ахмет Давутоглу и на поранешниот претседател Абдула Ѓул. Обвиненија се покренати и против Али Финдик и Тунџај Бабаљ, поранешни амбасадори на Турција во Костарика, односно во Канада, кои беа отстранети од должност поради врски со ФЕТО, која турските власти ја обвинуваат за обидот за државен удар на 15 јули.

Во моментов уапсените даваат исказ пред иследници.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com