HomeДЕНЕШНАСветТурција: Масакр на свадба, расте бројот на жртви

Турција: Масакр на свадба, расте бројот на жртви

Во терористички напад на една свадба во југоисточна Турција починале вкупно 50 лица, пренесуваат локалните медиуми. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно соопшти дека страдале 30 лица и ја обвини Исламската држава за овој напад. Постојат сомневања дека бомбашот самоубиец го активирал појасот со експлозив за време на свадбата.

Во соопштението на Ердоган стои дека „нема разлика“ меѓу групите со седиште во САД, која ја води проповедникот Фатхулах Гулен, кој тој го обвинува за неуспешниот обид за пуч на 15 јули, забранетата Курдистанска работничка партија и таканаречената Исламска држава.

„Нашата земја и нашиот народ имаат само една порака за вас: Нема да успеете“, им порача Ердоган на споменатите терористички групи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com