HomeДЕНЕШНАСветТурција започна тенковска офанзива во Сирија

Турција започна тенковска офанзива во Сирија

Турските воени сили со тенкови започнаа офанзива во пограничниот регион со Сирија и има судири со припадници на Исламска држава. Турската војска во акцијата добива поддршка од воените авиони на коалицијата предводена од САД против Исламска држава.

turcija ofanziva2

Акцијата доаѓа по бројните терористички напади кои членови на ИСИС ги извршија со бомбаши самоубијци во кои загинаа стотина лица.

turcija ofanziva

Според воените власти во областа Џабалус во Северна Сирија во досегашните артилериски напади се уништети 70 цели кои ги држеле џихадистите на ИД. Во нападите настрадаа и припадници на курдските бунтовници кои Турција нема да дозволи да земат сила ако ИД бидат поразени.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com