HomeДЕНЕШНАСветТурција го блокира „Спутник“ – нема пристап до руската државна агенција

Турција го блокира „Спутник“ – нема пристап до руската државна агенција

Сајтот на руската државна агенција, Спутник е блокиран во Турција, изјави денеска главниот уредник на турското дописништво на медиумот, Махир Бозтепе.

„Нема пристап до sputniknews.com. Испративме писмо до Регулаторната агенција во кое бараме објаснување на причината за тоа. Воопшто не очекувавме забрана“, изјави Бозтепе.

Како што јави Раша Тудеј, турската Регулаторна комисија за телекомуникации досега не ги образложи причините за блокирањето на интернет страницата на Спутник.

Руските медиуми оценуваат дека ваквата постапка може дополнително да ги продлабочи тензиите меѓу Москва и Анкара, до кои дојде по соборувањето на рускиот воен авион од страна на турската армија во ноември минатата година во реонот на границата меѓу Турција и Сирија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com