HomeДЕНЕШНАСветТурците ја претворија Меркел во Хитлер

Турците ја претворија Меркел во Хитлер

Турскиот весник “Аксам” излезе на првата страница со колаж на германската канцеларка Ангела Меркел, која дава нацистички поздрав и е со мустаќи како на Хитлер, пишува англиското електронско издание “Експрес”.

Германското списание “Шпигел” наведува дека “Аксам” е од лојалните на турскиот премиер Ердоган медиуми и така ја изразува негативната реакција на одлуката на СРГ да не овозможи вклучување во живо на Ердоган за време митингот во Келн минатата недела.

Одлуката на Берлин остро ја критикуваа и други медуми во Турција, додека весникот „Јени Акит“ објави текст со наслов „Германија не е пријател, туку непријател“.

Друг турски весник “Таквим” објави напис, според кој “Германија, која божем се ослободила од нацистичка минато, ја симнала маската дека ја поддржува пучистката банда на Фетулах Ѓулен”.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com