HomeРЕФЛЕКТОРМузејТурстички водичи и наплата на билети за Кокино

Турстички водичи и наплата на билети за Кокино

Музејот од Куманово денес ќе додели околу 50 лиценци за водичи кои поминале обука за архе-астрономскиот локалитет Кокино, а од управата најавуваат дека ќе се воведе и наплаќање билети за посета на туристичкото место од 1 август за поголема самоодржливост и заштита.

direktorka nu muzej kumanovo

„Се уште не сме одлучиле колкава ќе биде цената на картата, но таа ќе се одреди според правилникот што го имаме. Наплатата ќе се врши на самиот локалитет или пак туристичките водичи ќе плаќаат групна влезница на жиро сметката на Музејот, – изјави Анита Цветановска директорка на НУ Музеј Куманово.

Обуките и доделувањето на сертификатите и лиценците се реализираа преку проект на УСАИД за експанзија на мали и средни бизниси и се бесплатни. Водењето тури на Кокино ќе биде дозволено само за туристички водичи кои ја имаат поминато обуката и се со сертификат за туристичко водење на локалитетот одржана од страна на НУ Музеј Куманово.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com