HomeФЕР ПЛЕЈФудбалТурски фудбалер го одби Ливерпул за да замине во Интер

Турски фудбалер го одби Ливерпул за да замине во Интер

Турскиот фудбалер Џанер Еркин е нов фудбалер на италијанскиот клуб Интер. Левиот бек потпиша тригодишен договор со Интер, пристигна од Фенербахче како слободен фудбалер. Еркин одбил понуда од Ливерпул за да стане нов член на Интер. За место во почетниот состав кај Роберто Мартинез ќе се бори со Јапонецот Јут Нагатомо.

Турчинот својата кариера ја започна во Манис, не одигра многу за три години поминати во ЦСКА, за потоа цели шест сезони да биде член на Фенербахче, а кратко играше и како позајмен фудбалер на лутиот ривал Галатасарај. Тој ќе биде дел од репрезентацијата на Турција на предстоечкото Европско првенство во Франција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com