HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТурски моторџија се судрил во Куманово

Турски моторџија се судрил во Куманово

34 годишниот Е.А од Турција со мотоцикл „јамаха“ учествувал во судир со автомобил при што се здобил со телесни повреди, а исто така и патниците на „тавријата“ се полесно повредени и примени во општата болница во Куманово.
Мотоциклистот изгубил контрола при исклучување од патот Табановце Скопје на приклучокот за Куманово кон Крива Паланка при што отишол на левата лента каде бил удрен од возилото кое се движело во спротивен правец кое го управувал 58 годишниот кумановец Т.А.
Турчинот со тешки телесни повреди и по укажаната помош во кумановската болница е префрлен во Ургентен центар во Скопје.  Увид на местото на настанот изврши екипа на СВР Куманово
Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com