HomeДЕНЕШНАРегионТурските медиуми на голем удар, одмаздата продолжува

Турските медиуми на голем удар, одмаздата продолжува

Турските власти издале наредба за затворање на преку 130 медиуми, односно три новински агенции, 45 весници, 29 издавачи куќи, 23 радио станици, 15 магазини и 16 телевизиски станици, со што продолжува силната пресметка со неистомислениците на Ердоган.

Главната причина за затворањето на овие медиуми е поврзаноста со имамот Фетула Ѓулен, кој е во азил во САД. Турските власти во средата уапсија 47 вработени од весникот Заман, медиум кој особено се поврзува со движењето на Ѓулен, а претходно во понеделникот пак беа уапсени 42 новинари и колумнисти.

Организацијата „Репортери без граници“ ја осуди постапката на турските власти, коментирајќи дека поддршката за движењето на Ѓулен не претставува доказ за вмешаност во обидот за државен удар. Бројот на уапсените поради вмешаност во ударот, пак, постојано се зголемува и повеќе од 16 илјади лица се задржани на разговор, додека пак половина од оваа бројка, односно осум илјади ќе одат на судење, изјавил турскиот министер за внатрешни работи Ефкан Ала.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com