HomeДЕНЕШНАРегионТурскиот суд нареди затворање на прокурдски весник

Турскиот суд нареди затворање на прокурдски весник

Турскиот суд вчера нареди гаснење на левичарскиот прокурдски весник „Езгир Гиндем“, поради како што се наведува, ширење на терористичка пропаганда и делување како гласило на забранетата Работничка партија на Курдистан (ПКК).

Весникот, чие печатено издание има дневен тираж од 7,5 илјади примероци, од 2014 година во повеќе наврати беше подложен на истраги, парични казни и апсење на дописниците. „Езгир Гиндем е користен како пропагандно средство за ПКК и делуваше како негово де факто гласило“, се наведува во судскиот документ, во кој увид имаше Reuters.

Анонимен турски функционер истакна дека затворањето на весникот е последица на судска наредба и дека не е поврзано со вонредната состојба во таа земја. Турските власти ја забранија работата на повеќе од 130 медиумски куќи од воведувањето на вонредна состојба по неуспешниот обид за воен пуч.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com