HomeДЕНЕШНАСветТурскиот народ го сардиса аскерот

Турскиот народ го сардиса аскерот

Обидот за воен пуч во Турција е неуспешен, најмногу поради масовното противење на народот кој го послуша повикот на претседателот Ердоган и ги освои плоштадите, аеродромите, мостовите и медиумите. Турската војска која учествуваше во побуната против власта само за краткo успеа да одржи контрола врз неколку стратешки точки во Анкара и во Истанбул, а состојбата ескалираше по гранатирањето на турската тајна полиција, државната телевизија ТРТ и парламентот.

Војниците кои ги блокираа мостовите увидоа дека не можат да го сопрат народот кој скандираше против нив веејќи турски знамиња со барање да се вратат во нивните бази и извикувајќи „Алах е голем“. Пучистите не се осудија да стрелаат во цивили бидејќи ќе имаше масовен број жртви. И при повеќето судири со полицијата младите војници беа во голем шок.

policaec apsi vojnik turcija

Дел од полицајците гушкајќи ги се обидоа да ги заштитат од гневниот народ кој сакаше и да ги линчува. Тенковите кои беа распоредени во Истанбул во доцните часови беа напуштани од војниците кои се приведени.

narod mostovi

Власта на Ердоган и Јилдерим го обвини Фетула Ѓулен за главен инспиратор на воениот пуч, додека пак од армијата организатори се неколку полковници. Ѓулен е исламски проповедник и лидер на опозициско движење против Ердоган но, живее во САД во егзил и тврди дека нема никаква поврзаност со пучот. Ердоган успеа да ја задржи власта и најави тешка казна за сите кои го нарушиле демократскиот поредок во земјата.

Меѓународната заедница од Русија, Европа и САД едногласно изразија поддршка за турските демократски институции со пораки ситуацијата се реши на мирен начин. Турската опозиција исто така изјави дека е против воен удар во државата.

protest erdogan taksim

Сепак, има стравувања дека ова е само почеток и нови високи офицери дури сега ќе се охрабрат да преземат контрола и да го соборат Ердоган врз кој веќе имаше обид за атентат. Пресметката заврши со најмалку 100 мртви, 1400 повредени од кои голем број на цивили кои се најдоа на патот на пучистите. Од друга страна уапсени се околу 1500 армиски бунтовници.

 

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com