HomeДЕНЕШНАРегион„Туркиш Ерлајнс“ ги возобнови летовите

„Туркиш Ерлајнс“ ги возобнови летовите

Авиокомпанијата „Туркиш Ерлајнс“ од попладнево ги возобнови своите редовни линии, откако синоќа ги откажа сите летови за време на ободот за воен преврат во Турција. ­

Од денеска од 13 часот авионите на „Туркиш Ерлајнс“ летаат по планираниот ред, изјави претседателот на Управниот одбор на авиокомпанијата Илкер Ајчи за телевизијата Си­ Ен­ Ен Турк. Поради, обидот за воен удар „Туркиш Ерлајнс“ од синоќа откажа 32 лета кон истанбулскиот аеродорм „Ататурк“, додека 35 беа пренасочени кон други аеродроми.

Во исто време, турските поморски власти ја укинаа забраната за сообраќај низ протокот Босфор, која беше воведена од безбедносни прични по обидот за воен преврат. ­Сообраќајот на товарните бродови се врати во нормала, соопшти шпедитерската компaнија ГАЦ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com