HomeДЕНЕШНАРегионТуристите разочарани: нема веќе носење храна на одмор во Грција

Туристите разочарани: нема веќе носење храна на одмор во Грција

Заврши ерата на „балканското“ одење на одмор. Српските туристи се пожалиле дека на границата на нашиот јужен сосед им ја одземале храната која ја носеле со себе. Јајца, вакумирано месо, домати, полнети пиперки… се на листата работи кои грчките цариници им ги одземаат на туристите.

„Во почетокот на мај тргнавме семејно на одмор во Грција. На границата цариниците ни го запленија рачниот фрижидер во кој беа замрзнати полнети пиперки и месо“ – се пожалил за еден српски медиум Марко Даниловиќ. Александар останал без таблата јајца и кутија со сарми. Невенка, која минатата недела тргнала на пат за Грција, раскажува дека цариниците од автобусот ја испразниле сета храна која патниците ја имале. „Нас ни ги земаа салатите и шницлите, додека на парот пред нас му го одземаа пакетот со вода“ – објаснува оваа патничка.

Неколку туристи посведочиле дека им е одземена само храната која не е вакумирана. Иако на сајтовите на Министерствата за надворешни работи на Србија и грчка царина меѓу артиклите кои се забранети за внесување не се споменуваат овошје и зеленчук, искуствата на српските туристи велат дека цариниците и тоа го одземаат.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com