HomeРЕФЛЕКТОРФилмТри работи кои се забранети во филмовите на „Дизни“

Три работи кои се забранети во филмовите на „Дизни“

Режисерот на филмот „Pete’s Dragon“ Дејвид Ловери, открива дека, меѓу многуте работи со кои компанијата „Дизни“ со цврст договор ги обврзува своите уметности, се кријат и три „апсолутни забрани“ кои важат за сите анимирани филмови. Ловери, кој е сценарист на филмот за осмаеното десетгодишно момче кое живее во шумата со змејот Елиот, истакнува дека во филмовите на „Дизни“ најстрого забрането е пушење, одсекување на глави и смрт предизвикана од остри предмети.

„Тоа се тие три работи кои не смеете да ги работите во филмовите на компанијата „Дизни“. Во договорот стоат буквално овие зборови во списокот на работи кои се забранети“, открива Ловери. Дизни минатата година објави дека ќе го исфрли пушењето од сите свои филмови кои имаат ознака за родителска контрола, вклучувајќи ги и оние зад кои стои Марвел“, „Пиксар“ и „Лукас филмс“.

Пушењето би требало да биде дозволено само во посебни околности, односно кога ќе биде прикажано како лоша особина или кога ќе се прикажува некоја историска личност на која таа навика и е една од најпознатите карактеристики. Предизвикување на смрт со помош на остри предмети во овие филмови е забранети уште од 1989 година, додека одсекувањето на глави го памтиме во Алиса, но не е познато од кога датира оваа забрана.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com