HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТри лица повредени во страшна сообраќајка кај Катланово

Три лица повредени во страшна сообраќајка кај Катланово

Утрово на автопатот Велес-Скопје, се случи страшна сообраќајна несреќа во која три лица се повредени. Сообраќајката се случила во близина на тунелот кај Катланово кога возач на „голф“ удрил во џип кој неколку моменти пред тоа се превртел на автопатот и во полицаец кој бил на работна позиција и во моментот го обезбедувал местото.

На местото на настанот излегла полициска екипа, за да го обезбедува местото додека не пристигне увидната екипа.

Според досегашните информации повредени се три лица и тоа полицаецот и возачите на двата автомобили. Сите се пренесени на скопските клиники.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com