HomeДЕНЕШНАПолитикаТри гласа во ад хок ќе бидат одлучувачки

Три гласа во ад хок ќе бидат одлучувачки

Ад-хок телото за мониторинг на работата на медиумите го усвои Деловникот за работа според кој еден медиум ќе може да се казни доколку така одлучат тројца од петте членови на привременото тело. За одржување седница исто така ќе биде потребен кворум од тројца членови кои доколку сакаат да донесат одлука ќе треба да бидат едногласни.

Првиот извештај за период од 10 дена е веќе изготвен. Остануваат уште девет периоди до денот на изборите. Тој се уште не е доставен до членовите на ад хок телото. Дел од нив вчера изјавија дека медиумите главно ги почитувале професионалните стандарди.

Ад хок телото во петокот ја донесе својата прва одлука, односно поднесе предлог за изрекување прекршочна казна за Првиот програмски сервис на Македонската радио-телевизија, поради емитување владини реклами во периодот од 2 до 5 септември. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по поднесениот предлог од Привремената комисија за следење на медиумското претставување поднесе барање за поведување прекршочна постапка во која судот ќе изрече прекршочна санкција – опомена против Првиот телевизиски програмски сервис на Македонската радио-телевизија. По добиените насоки од Агенцијата, МТВ ги отстрани сите реклами финансирани од Влада на Македонија. Од таму рекоа дека станува збор за грешка од небрежност и покрај писмената и усна наредба дадена во режија, водичот на програма, на своја рака од незнаење и неиформираност од колегите, ненамерно (според изјавите на водичот на програма) го има сторено прекршокот. И најавија дека сите вработени кои ќе направат каков било прекршок, ќе бидат санкционирани.

Ад-хок телото е составено од Слаѓана Димишкова и Цветин Чилиманов, предложени од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Трпеновски и Љубомир Костовски, предложени од СДСМ, како и Љуљзим Хазири како петти член на Комисијата, чија кандидатура беше договорена на последниот состанок на лидерите на партиите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com