HomeФЕР ПЛЕЈФудбалТриколорите стартуваа победнички, Паје со солзи радосници

Триколорите стартуваа победнички, Паје со солзи радосници

Франција ја скрши клетвата на првите натрпевари и за својата но, и за традицијата на европските првенста со тоа што успеа да слави над Романија и да покаже самодоверба како домаќин на турнирот. Во првото полувреме пријатно изненади селекцијата на Романија која одлично парираше со стабилна игра и координирана одбрана.

Сепак, возбудувањата следеа во вториот дел. Најпрво Жиру го отвори резултатот со удар со глава откако романскиот голман Татарушану не успеа да интервенира. Романците не се предадоа и заслужија пенал десетина минути подоцна за да изедначи Станку.

stanku

Честа на домаќините ја спаси Димитри Паје со прекрасен еврогол од дваесетина метри за еуфорија на Сен Дени стадионот и го заслужи епитетот играч на натпреварот. Романците немаа сили да направат нешто повеќе бидејќи останаа уште пет минути до последниот судиски свиреж.

francija navivaci

Утре продолжуваат натпреварите во А и Б групите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com