HomeДЕНЕШНАЕкономијаТрет обид за преземање на Макпетрол, контроверзен бизнисмен стои зад кипарската оф шор фирма

Трет обид за преземање на Макпетрол, контроверзен бизнисмен стои зад кипарската оф шор фирма

Трет обид за преземање на Макпетрол. Понудата повторно е одбиена поради некомплетна документација. Телма објавува дека се работи за контроверзниот израелски бизнисмен, Ури Бидер. Во базата на податоци за фирми основани во Англија од каде дојде понудата за купување на Макпетрол може да се најде и името на Ури Бидер. Тој е поранешен директор на фирмата Балкан петролеум лимитед која го купи РАФО во Романија, купопродажба која заврши со истрага за фирмата и за Бидер.

Фирмата на Бидер преку кипарска фирма влезе во Романија со понуда за превземање на мнозински пакет во рафинеријата РАФО. Слична приказна, фирма основана во Англија во сопственост на кипарска фирма и со понуда за превземање на мнозински пакет стигна и до македонската берза за Макпетрол. Понудата дојде од фирма со речиси идентично име со романската фирма на Бидер, Балкан Петролеум холдинг лимитед, која ја основал извесен Васили Евдокимов, на 28-ми мај со капитал од илјада евра.

Киоарската оф шор компанија се обиде да ги купи акциите на Макпетрол за цена десет пати повисока од цената на берза.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com