HomeДЕНЕШНАРепубликаТргнете по стапките на Крали Марко

Тргнете по стапките на Крали Марко

Веќе шеста година по ред Прилеп и неговата околина ќе бидат домаќини на првиот и најголем интернационален настан во планинско трчање во Македонија – Крали Марко Треилс – По Стапките на Крали Марко. Настанот претставува комбинација од неколку трки во треил трчање (трчање во планина) и планинарење кои се одвиваат на Марковите Кули, планината Бабуна и околните прилепски ридови со различни должини.

Крали Марко Треилс претставува уникатен спортско-рекреативен настан со голема традиција и карактер на кој може да учествува буквално секој. Оваа година на репертоарот ќе има три трки со различни должини и висински разлики – погодни за сите нивоа на спремност како и една детска трка – наменета за најмладата спортска надеж и иднина на планинските спортови.

Најдолгата од трките – Крали Марко Ултра Треил ќе биде со должина од 90 километри со што настанот ќе биде првиот во Македонија и меѓу ретките на Балканот од ваков тип.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com