HomeДЕНЕШНАСветТрамп: Германија и Франција се „катастрофа“

Трамп: Германија и Франција се „катастрофа“

Доналд Трамп, републиканскиот кандидат за претседател на САД жестоко ги критикувапе Германија и Франција карактизирајќи ги како „катастрофални, додека Хилари Клинтон ја спореди со Ангела Меркел, бидејќи и таа како и германската канцеларка имала намера да примене политика на отворени врати за бегалците.

Трамп во обраќањето кон своите поддржувачи во сојузната држава Вирџинија изјави дека тоа е „катастрофа“, потполна катастрофа поради која има се уште миграции кои ја уништуваат Европа. „Погледнете ја Меркел, она што се случи на изборите е неверојатно“, изјави Трамп.

Ангела Меркел и нејзините поддржувачи остварија неуспех на изборите во покраината Мекленбург-Западна Померанија на почетокот на оваа недела, освојувајќи го третото место, зад анти-имиграционата алтернатива за Германија. „Германија е сега катастрофа, Францијае катастрофа“, нагласи Трамп.

„Погледнете ги резултатите од изборите, навистина се лоши. Луѓето велат Меркел ќе биде добро, но јас не мислам така. Милиони луѓе отидоа во Германија, стапката на криминал е неверојатна. Нивните проблеми се неверјатни, а Хилари Клинтон сака да биде американската Ангела Меркел“, изјави репулбликанскиот кандидат.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com