HomeДЕНЕШНАСветТрамп вети депортирање на илјадници илегални имигранти

Трамп вети депортирање на илјадници илегални имигранти

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека штом ќе стане претседател на САД ќе депортира илјадници илегални мигранти, кои извршиле кривични дела. Трамп го изјави тоа на предизборниот митинг во градот Де Моин во државата Ајова.

„На првиот ден, јас ќе започнам да ги депортирам илегалните имигранти од оваа земја – вклучувајќи и стотици илјади илегални имигранти кои се пуштени на слобода под администрацијата на Обама-Клинтон“, изјави Трамп. Тој истакна дека ќе настојува да воспостави систем за следење, кој ќе овозможи илегалните мигранти кои ќе останат подолго отколку што им важат визите да бидат протерани од САД.

Трамп нагласи и дека ќе изгради ѕид на границата и ќе спречи илегалните мигранти да користат социјална помош и други поволности.

Против кандидатот на Трамп, поранешната прва дама Хилари Клинтон, беше државен секретар на САД за време на првиот мандат на претседателот Барак Обама. Новиот претседател ќе биде инаугуриран на 20 јануари.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com