HomeДЕНЕШНАРепубликаТрадиционално групно крштевање во Тиквешкото Езеро

Традиционално групно крштевање во Тиквешкото Езеро

Повардарската епархија, деветта година по ред, денеска на брегот на Тиквешкото Езеро го реализираше традиционалното групно крштевање.

Бројот на кандидати од година во година се повеќе се намалува, што е доказ за се помалиот број на некрстени лица, па така годинава, пет лица се пријавиле за групно крштевање.

-Оние кои денеска беа дел од групната крштевка ја примија верата Христова и станаа членови на светата Христова црква, за да можат понатаму да учествуваат во сите останати свети тајни, бидејќи светата тајна Крштение е прва и основна тајна која што се прима, за да можеш да влезеш во членството на светата Христова црква и да ги примаш и останатите свети тајни како што се тајна Причест, светата тајна Венчание, сите други свети тајни – рече отец Трајче Грозданов.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com