HomeРЕФЛЕКТОРФилмТоп 5 филмови кои треба да ги погледнете баш денес!

Топ 5 филмови кои треба да ги погледнете баш денес!

HBO on Demand ви нуди топ пет филмови кои требате да ги погледнете баш денес, по повод петок 13-ти.

1. Уиџа

Една група тинејџери несвесно ослободува злобен дух откако комуницира со него преку таблата Уиџа. Тие очајнички се обидуваат да го затворат порталот за демонскиот свет што го отвориле… пред на крајот да ја доживеат сопствената судбина.

2. Анабела

Џон го наоѓа совршениот подарок за неговата бремена сопруга Миа. Тоа е прекрасна, стара кукла во бела венчаница. Но, воодушевувањето на Миа од Анабела не трае долго. Една ужасна вечер во нивниот дом влегуваат сатанисти…

3. Полтергајст: Куќен дух

„Полтергајст“ е класична приказна за семејство чиј дом во предградието е опседнат од злобни духови. Кога ужасните привиденија ги ескалираат своите напади и ја киднапираат најмладата ќерка, семејството мора да најде сили да ја спаси.

4. Како горе така долу

Една група истражувачи открива ужас под улиците на Париз, откако се спуштаат во древните катакомби на градот. Токму кога изгледа дека нивното патување не може да биде покошмарно, демоните од нивното минато им се враќаат.

5. Еш против злите мртви

Еш е ловец на чудовишта, а последните 30 години ги поминал избегнувајќи ги одговорноста, зрелоста и ужасите на злите мртовци. Кога една епидемија на зомби се заканува да го уништи човештвото, Еш е присилен да се соочи со своите демони.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com