HomeДЕНЕШНАСветТони Блер во паника – на 6-ти јули ќе биде објавен извештајот за неговата вина во ирачката војна

Тони Блер во паника – на 6-ти јули ќе биде објавен извештајот за неговата вина во ирачката војна

Извештајот за околностите на учеството на Британија во војната во Ирак, ќе биде објавен на 6-ти јули и се очекува да биде прилично критичен кон поранешниот премиер Тони Блер, кој сè уште ја брани одлуката за инвазија на таа земја.

Блер не сакал да потврди дали ќе ги прифати заклучоците од долгоочекуваниот “извештај на Чилкотовата комисија”, на кој почнало да се работи уште во 2009 година, во времето на Гордон Браун. Politico наведува дека Блер сè уште ја брани одлуката за инвазија, започната во 2003 година, истакнувајќи дека Ирак денес е единствена земја во регионот „способна за борба против тероризмот“.

Гостувајќи на BBC, Блер ги отфрлил обвиненијата дека веќе приватно ја донел одлуката за инвазија на Ирак, пред тој став да ѝ го претстави на јавноста. Запрашан дали ќе ги прифати заклучоците од извештајот, Блер рекол: “Да го почекаме тој момент”. Блер, исто така, енергично ја бранел својата одлука да го нападне Ирак.

„Доколку денес ги погледнете земјите кои се на критичната листа, како што се Сирија, Ирак, Либија и Јемен, во само една од нив имате влада која е способна да се бори против тероризмот и која е меѓународно легитимна, како во Саудиска Арабија и Иран – а тоа е Ирак“, навел Блер. Тој ги отфрлил и обвиненијата дека хаосот, кој настанал по инвазијата во 2003 година, помогнал во создавањето на Исламската држава.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com